Дома Фудбал Останато Снукер сензација: Момче без ниту една победа стана светски шампион!

Снукер сензација: Момче без ниту една победа стана светски шампион!

По четврти пат во историјата на снукер светските првенства, шампионот го одлучи последниот, 35-ти фрејм. Шампион стана момче кое до оваа година немаше славено во „Крусибл театра“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ву Јизе, младиот Кинез кој стигна до финалето откако Марк Ален направи неверојатна грешка, приреди една од најголемите сензации во историјата на овој спорт и му го нанесе четвртиот последователен пораз на шампионот од 2005-та година во финалињата на ова магично место – 18:17 за 22-годишникот од Ланчоу.

Во претходните две учества на Светското првенство, Ву беше елиминиран во првото коло и во неговата професионална кариера имаше само еден рангиран наслов до доаѓањето во Шефилд – каде што живееше во изнајмен стан со татко му и тренираше. Ова му беше практично прва победа во странство. Симпатичниот Јизе потврди дека доаѓа ново време на снукер играчи од другиот дел на планетата.

Прв трофеј за Кина на истото место минатата година донесе Џао Синтонг, победувајќи го трикратниот шампион Марк Вилијамс. Јизе, на својата патека до триумфот, елиминираше врвни играчи: Леи Пеифан во првото коло (10:2), четирикратниот светски шампион Марк Селби во осминафиналето (13:11), Хосеин Вафеи во четвртфиналето (13:8), Марк Ален во незаборавното полуфинале (17:16) и, на крајот, Марфи во финалето (18:17).

Во последните две рунди во „Крусибл“ Јизе играше одлучувачки фрејмови, оние кои значат или победа или крај. Марфи, заслужено наречен „Магионичар“, приреди една од поголемите сензации на светските првенства во 2005 година кога го победи Метју Стивенс (18:16), но од тогаш имаше три последователни порази во финале – од Џон Хигинс во 2009, од Стјуарт Бингам во 2015 и од Марк Селби во 2021. Се надеваше и веруваше дека ќе стане шампион уште еднаш, но пропушти шанса откако прв дојде до меч топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонските кикбоксери денеска го почнуваат силниот Европски куп во Вараждин!

Од денеска до 3 мај, во хрватскиот град Вараждин ќе се одржи Европскиот кикбокс куп „Вараж…