Дома Останати Кошарка Лејкерс добива нов сопственик кој плаќа сума од која „боли глава“

Лејкерс добива нов сопственик кој плаќа сума од која „боли глава“

Лос Анџелес Лејкерс, еден од најзначајните спортски брендови во светот кој повеќе од 50 години беше во сопственост на семејството Бас, ќе биде продаден на финансискиот магнат Марк Волтер за најмалку 10 милијарди долари, потврди синоќа спортскиот портал Њујорк Тајмс Атлетик (The Athletic).

Волтер веќе е сопственик на бејзбол гигантот Лос Анџелес Додгерс.

Продажбата на Лејкерс, која сè уште не е финализирана, би можела да достигне вкупна вредност од 12 милијарди долари, според еден извор вклучен во преговорите кој зборуваше под услов да не му се објави името, бидејќи не беше овластен да изнесува информации за продажбата.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…