
Рома следната сезона треба да ја води нов тренер. Стефано Пиоли се споменуваше како опција, но изгледа дека од тоа нема ништо. Според медиумите во Италија, во моментот во игра се два имиња, од кои едното е фаворит.
Според зборовите на стручњакот за трансфери на Скај Спорт Италија, Џанлука Ди Марцио, Рома нема да бара Пиоли да го замени Раниери следната сезона.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Поранешниот шеф на Милан кој сега е во Ал-Наср, порано беше поврзуван со работа на Олимпико, но според последниот извештај, не е меѓу кандидатите кои се разгледуваат за таа улога.
Според Ди Марцио, Рома го следи Цеск Фабрегас, легендарен фудбалер која сега го тренира Комо.
Фото: Принтскрин