
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, ЛеБрон Џејмс, кој се подготвува за својата 23. НБА сезона, истакнува дека приоритет му е опоравката на левото колено до почетокот на подготовките во септември.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повредата на лигаментите ја здоби во април, во петтиот натпревар од плејофот против Минесота.
„Имам доволно време да се опоравам и да бидам што поблизу до 100% подготвен“, рече Џејмс за Associated Press, а пренесува ESPN.
Минатата сезона ЛеБрон постигнуваше 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скокови по натпревар, и повторно беше избран во All-NBA тимот.
Иако размислува за крајот на кариерата, сѐ уште нема конкретен датум:
„Тоа се мисли што доаѓаат со времето – дали ќе биде оваа година, следната? Но, уште не сум одлучил, немам конкретен датум или специфичен распоред. Го следам моето тело и семејството.“
Фото: Grok AI