Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Неискуството не чинеше победа

Лазаров: Неискуството не чинеше победа

Македонската ракометна репрезентација може да жали што пропушти победа против фаворизираната Унгарија и одигра реми на стартот.

Селекторот Кире Лазаров кажа дека се задоволни со бодот, иако смета дека поради неискуството пропуштивме победа.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Треба да бидеме задоволни од еден ваков резултат иако можам да кажам дека пропуштивме победа, и може да жалиме што бевме толку блиску до еден голем триумф а го испуштивме. Но, неискуството на нашите играчи што не влегоа во фаул во последниот напад. Можеби требаше и покасно да повикам тајм-аут, но тоа е што. Унгарија беше блиску до медал на ЕП и учестуваше на ЛОИ и затоа сум горд на моите момци и на цела Македонија, бидејќи без навивачите и цел македонски народ немаше да го направиме ова денеска“.

„Јас имам многу поминато во кариерата и затоа треба да бидеме мирни и само да се одмориме. Да не очекуваме ништо и само да се бориме. Ако се бориме како денеска, резултатот сам ќе си дојде. Холандија е многу побрза репрезентација од Унгарија, така што очекувам многу потежок натпревар“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одлична Македонија стартуваше со реми против Унгарија

Македонската ракометна репрезентација играше нерешено 27:27 против репрезентрацијата на Ун…