Дома Фудбал Неверојатна приказна: Како Манчестер јунајтед одбил да го доведе Мбапе

Неверојатна приказна: Како Манчестер јунајтед одбил да го доведе Мбапе

Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, сподели неверојатна приказна за тоа како овој англиски гигант пропуштил можност во 2015 година да го донесе Килијан Мбапе.

Во тоа време, Гигс работеше во стручниот тим на Луис ван Гал, а за талентираниот Французин доби информација на сосема неочекуван начин за време на одмор на југот на Франција.

“Шетав покрај плажа према хотелот и ми пристапи човек по име Лионел, кој ми рече дека следи младински фудбал и дека задолжително треба да го видам играчот на Монако по име Килијан Мбапе,” се присети Велшанецот во подкастот на Рио Фердинанд.

Неколку недели подоцна, Гигс прими електронска пошта со сите детали за младиот играч, по што со колегата Алберт Стујвенберг ги прегледаа неговите настапи.

“Гледавме неколку младински натпревари на Монако и нашата реакција беше: ‘Вау, што е ова?'”, нагласи Гигс, истакнувајќи дека Мбапе уште тогаш изгледаше исклучително талентиран.

Импресионираните тренери веднаш ги пренесоа информациите на скаутинг службата на Црвените Ѓаволи.

Скаутите на клубот од Олд Трафорд отпатуваа во Париз за да го следат младиот напаѓач во натпревар против ПСЖ.

Меѓутоа, експертите одговорни за проценка на таленти не беа воопшто импресионирани од она што го видоа на теренот.

“Ги прашав како помина, а тие ми одговорија дека не се премногу уверени, па одлучивме да се откажеме и тоа беше крајот,” додаде Гигс за оваа голема пропуштена можност на Јунајтед.

Недолго потоа, Мбапе направи сензација со Монако, го освои Светското првенство со Франција и денес е еден од најдобрите играчи во светот носејќи го дресот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаким Зијеш го избра новиот клуб!

Мароканскиот офанзивец на крилна позиција, Хаким Зијеш, најде нова средина откако ја заврш…