
Спортскиот директор на Барселона, Деко, е многу изненаден од изоставувањето на двајцата фудбалери на клубот, Педри и Рафиња, од скратената листа од триесет номинирани за Златната топка.
Тој одлуката ја нарече “глобална неправда”.
“Не разбирам како се составуваат тие листи, но ова е пример за неправилност. Тешко е да се прифати како Педри и Рафиња се изоставени, со оглед на нивниот талант”, забележа тој.
Како најголем кандидат за освојување на Златната топка оваа година го посочи Ламин Јамал.
“Верувам дека тој е првиот кандидат. Немам никакви сомнежи во тоа. Имавме извонредна сезона со Барселона, и тој беше суштински во освојувањето на лигата”, беше категоричен Деко.
Да потсетиме, Барселона оваа година забележа четири победа во првенството, а во Лигата на шампионите сношти ги надмудрија Феенорд со резултат 5:1.