Дома Фудбал Останато Kaсиљас даде објаснување на објавата дека е геј, но веќе изгуби три милиони следбеници

Kaсиљас даде објаснување на објавата дека е геј, но веќе изгуби три милиони следбеници

Икер Касиљас вчера се најде во центарот на вниманието откако на неговиот Твитер профил се појави статус дека геј.

Легендарниот шпански голман го шокираше светот со ваквата објава, а подоцна твитот беше избришан. Сепак, тоа беше предоцна затоа што стана популарно во целиот свет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се надевам дека ќе ме почитувате, јас сум геј“, стоеше во објавата на легендарниот голман.

Објавата беше зачудувачка, па веднаш започнаа шпекулации за што се работи. Шпанските медиуми пишуваа дека Икер тоа го напишал иронично затоа што во последно време го поврзувале со разни девојки.

Но, подоцна Икер повторно се огласи за да даде објаснување.

„Профилот ми беше хакиран. За среќа сега е со во најдобар ред. Се извинувам на сите кои ме следите. Секако, најмногу на ЛГБТ заедницата“, напиша Касиљас.

Интересно е што неколку часа по ваквата објава Касиљас изгуби дури три милиони следбеници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…