Дома Топ вести Нова порција цитати од Перез: Касиљас е низок, не гледа добро и Сара го држи како кученце

Нова порција цитати од Перез: Касиљас е низок, не гледа добро и Сара го држи како кученце

Шпанскиот медиум „El Konfidensal“ објави скандал во кој е вклучен првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Тие некако успеале да дојдат до снимен разговор во кој Перез зборува лошо за легенди како Икер Касиљас и Раул, а од друга страна го фали Бекам.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако во првиот дел од разговорот за Касиљас и Раул вели дека се измамници, сега се појавија и други детали од снимениот разговор.

„Го паметите она Класико (4:2 во 2005г) кога се боревме за титулата? Тогаш Касиљас задоцни на тренингот во петок бидејќи требало да разговара со девојката (Сара Карбонеро). Смешна работа! Но, немаше среќа бидејќи јас тогаш бев таму и знам се. Касиљас, сиромашниот тој, е многу низок за голман, а и не гледа добро. Му недостасуваат неколку сантиметри за да биде број 1“.

„Него многу лесно можете да го познаете дали му оди добро со девојката. Тој е како кученце кое треба да го носиш на шетање…детска работа. А таа пак Сара, неа не и верувам воопшто. Ги знаеш тие жени кои трчаат по слава и пари, а се мисли филмска ѕвезда“, се зборивите на Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…