Дома Фудбал Англија Kaко им успева!? – Погледнете каков „ЗАКОН“ постои во Тотенхем!

Kaко им успева!? – Погледнете каков „ЗАКОН“ постои во Тотенхем!

Екипата на Тотенхем во последните неколку години повторно стана важен фактор во англискиот фудбал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Петлите“ веројатно сеуште немаат тим за трофеи, но веќе две години во низа клубот од Лондон завршува на едно од местата кои водат во Лигата на шампионите и тоа сигурно не е случајност.

Но, Тотенхем е клуб кој му „пркоси“ на модерниот фудбал и има необичен принцип кој е единствен во денешниот фудбал, барем кога се работи за фудбалот кој се игра на највисоко ниво.

Ниту еден играч на овој тим, нема поголеми неделни примања поголеми од 100.000 фунти. Тоа секако е сериозен износ, но е „ништо“ во споредба со она што најдобрите фудбалери го заработуваат во Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал…. Дури и некои клубови со послаб квалитет од Тотенхем своите ѕвезди ги плаќаат со далеку поголеми суми.

Играч со најголема заработка во редовите на „петлите“ е голманот Хуго Лорис кој заработува нешто помалку од 100.000 фунти неделно додека останатите клучни играчи на овој тим како што се Деле Али, Дени Роуз или Кристиан Ериксен се скромно платени во споредба со останатите фудбалери од англиската елита.

До кога „петлите“ ќе успеаат да го задржат овој тренд останува да се види, но мора да им се признае дека кога во прашање се финансиите тие се единствената појава во модерниот фудал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета за одлуката на ВАР која можеби го реши шампионатот: Големо, но праведно решение!

Арсенал го победи Вест Хем во гостување со 1:0 во 36. коло од Премиер лигата и е многу бли…