Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ не запира: Со уште еден трипл-дабл ја сруши Оклахома 🎥

Joкиќ не запира: Со уште еден трипл-дабл ја сруши Оклахома 🎥

Кошаркарите на Денвер изминатата вечер и го нанесоа првиот пораз на Оклахома која ја совладаа со 124:122, а одново најдобар на теренот беше Никола Јокиќ.

Јокиќ не беше најефикасен во редовите на Денвер, но дојде до нов трипл-дабл со 23 поени, 20 скока и 16 асистенции. За него ова беше негов 134 во кариерата и му недостасуваат само уште четири да се израмни со Меџик Џонсон кој во оваа статистичка категорија е трет.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од почетокот на сезоната Јокиќ на осум натпревари дури на половина стигнуваше до трипл-дабл.
Покрај Јокиќ одличен на паркетот беше и Расел Вестбрук кој дојде до бројката од 29 поени, додека

Портер и Браун постигнаа по 24. Вилијамс на спротивната страна ја предводеше Оклахома со 29 поени, 10 скока и девет асистенции, Гилџес-Александер додаде 28.

По поразот на Оклахома единствена непоразена екипа во лигата е Кливленд кој е на скор 9:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…