
Голема драма се случи синоќа на „Џузепе Меаца“ во Милано, откако Интер по продолженија ја победи Барселона со 4:3 и така се пласираше во финалето кое ќе се одржи во мај во Минхен, додека на играчите на Барселона сега им останува само да тагуваат и да се обидат што побрзо да се опорават.
До синоќа, Барселона беше најголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите. По 3:3 во првиот натпревар, се очекуваше дека сепак во реваншот Каталонците ќе можат да ги елиминираат незгодните Италијанци и беа на добар пат бидејќи, и покрај 0:2 на полувремето, со голот на Рафинја поведоа со 3:2 во 87-та минута.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во продолжението, Дуфрис повторно се истакна со асистенција од крилото, а стоперот Ачерби како вистински напаѓач постигнува погодок за 3:3, а златниот џокер Фратези во продолжението ги сруши сите соништа на Каталонците.
Барса беше блиску, но остана без деветтото финале во Лигата на шампионите. Така се отфрли можноста да се освојат сите трофеи оваа сезона. Го освоија Суперкупот на Шпанија и Купот на Шпанија, па сега останува надежта дека сепак ќе стигнат до двојната круна со освојувањето на Ла Лига, каде што имаат четири поени повеќе од Реал Мадрид, кого го пречекуваат за викенд.
„Дадовме сè од себе, оваа година тоа не беше можно, но ќе се вратиме, не сомневајте се. Нема да застанеме додека не го вратиме овој клуб таму каде што заслужува, на врвот. Ќе го одржам ветувањето и ќе донесам трофеј во Барселона, нема да застанеме додека не го постигнеме тоа. Но, недела е уште едно финале и сите мора да бидеме заедно. Виска ел Барса!“, објави талентираниот Ламине Јамал на својот Инстаграм после натпреварот.
Фото: Принтскрин