Дома Топ вести Изненадување во Ла Лига: Лас Палмас ја победи Барселона 🎥

Изненадување во Ла Лига: Лас Палмас ја победи Барселона 🎥

Eкипата на Лас Палмас приреди големо изненадување и славеше победа против Барселона со 2:1.

Во првото полувреме не видовме погодоци, но можеше да се забележи дека Барселона се мачи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Заигра и Јамал во второто полувреме за кого ова беше враќање по повредата, но не помогна ниту тоа.

Рамирез во 49. минута погоди за предност на Лас Палмас, а Рафиња во 61. минута донесе израмнување. Шест минути подоцна Фабио Силва стрелаше за ново водство на домаќините.

Во овој момент Барселона на табелата има четири бода повеќе од Реал Мадрид, меѓутоа „кралевите“ се со и два натпревари помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

И тоа се случи: Никој не сака да ја преземе клупата на Италија!

По неуспешните квалификации за Светското првенство, репрезентацијата на Италија чекори низ…