Дома Фудбал Француска легенда со шокантно тврдење за Португалија: Соиграчите го бојкотираа Роналдо, воопшто не му додаваа!

Француска легенда со шокантно тврдење за Португалија: Соиграчите го бојкотираа Роналдо, воопшто не му додаваа!

Јури Џоркаеф(58), легендарниот француски фудбалер, во интервју за РМЦ изнесе ставови за Кристијано Роналдо (41) и португалскиот состав, кој беше елиминиран од Шпанија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Кога го носиш Кристијано Роналдо (на Светското првенство, заб.), тимот мора да игра за него, а тоа воопшто не беше случај. Имаше впечаток дека неговиот тим го бојкотираше. Не му беа додавани топки, ниту беа создадени најдобри услови за него. Или не го земај, или ако го земаш, осигурај се дека тимот игра за него,” истакна Џоркаеф, кој за Франција има 82 настапи и 28 голови, освојуќи светска (1998) и европска титула (2000).

Португалија беше едно од разочарувањата на Светското првенство. Во групната фаза ја совладаа Узбекистан (5:0) со два гола на Кристијано Роналдо, но одиграа нерешено со ДР Конго (1:1) и Колумбија (0:0).

Во осминафиналето ја елиминираа Хрватска (2:1) откако на избраниците на Златко Далиќ им беше поништен контроверзен гол за израмнување во последните моменти. Роналдо во таа средба постигна гол од пенал, откако му беше поништен гол поради офсајд. Потоа следеше натпреварот со Шпанците, кои со еден гол ги елиминираа Португалците.

Кристијано Роналдо, како и сега веќе поранешниот селектор Роберто Мартинез, беа на мета на медиумите во текот на целото Светско првенство. Се критикуваше еден од најдобрите играчи во историјата дека станал товар на талентираниот тим. Играчите признаа дека го почитуваат, но повеќе немаат потреба да му ги додадуваат сите топки, па уште по првиот натпревар се зборуваше дека го бојкотираат.

Иако Роналдо сè уште не ја завршува кариерата, потврди дека ова беше неговото последно Светско првенство. Од друга страна, Мартинез беше критикиран бидејќи не им даде шанса на другите наместо на Роналдо. По елиминацијата од Светското првенство неговиот договор со португалскиот сојуз истече и сега е без работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудесниот Мбапе чекори кон учинок каков што немал никој друг на еден Мундијал!

Килијан Мбапе (27) продолжува да плени на неговото трето Светско првенство во кариерата. В…