Дома Фудбал Мбапе се огласи по повредата и ги смири француските навивачи: Добро сум

Мбапе се огласи по повредата и ги смири француските навивачи: Добро сум

Француската фудбалска репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство откако во четвртфиналето го совлада Мароко со 2:0. Иако голманот на Мароко, Боно, правеше чуда во првото полувреме и го одбрани пеналот на Килиjан Мбапе, Французите успеаја да го скршат отпорот со голови на Мбапе во 60-тата и Усман Дембеле во 66-тата минута. Франција продолжува со својот пат кон можнo третo последователно финале на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повредата на Мбапе ги загрижи навивачите на Франција. Во 76-тата минута, додека се играше на другиот дел од теренот, 27-годишниот напаѓач легна на тревата на средината на теренот. По укажаната помош, во 77-тата минута беше заменет од Жан-Филип Матета.

Мбапе го напушти теренот самиот, поздравувајќи ја публиката на стадионот Жилет. Подоцна беше виден на клупата со вреќа мраз на десниот зглоб. По натпреварот се обрати преку француската телевизија М6 и изјави: „Добро сум“, смирувајќи ги навивачите.

Статистиката на Мбапе на светските првенства

Со голот против Мароко, ѕвездата на Реал Мадрид стигна до бројка од 20 голови во исто толку настапи на светските првенства. Франција сега патува во Арлингтон, Тексас, каде што во вторник, 14 јули, ќе игра полуфинален натпревар. Противник ќе ѝ биде победникот од дуелот помеѓу Шпанија и Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кин за промашениот пенал на Мбапе: Тој е светска класа, но ова е неправедно

РОЈ КИН (54), легендарниот ирски фудбалер и експертски коментатор, го критикуваше судењето…