Дома Фудбал Италијанскиот ветеран по само една сезона го врати Сасуоло во Сеирја А!

Италијанскиот ветеран по само една сезона го врати Сасуоло во Сеирја А!

Фудбалерите на Сасуоло обезбедија враќање во Серија А по една година отсуство, откако вчера завршија сите натпревари од 33-то коло на вториот италијански ранг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пет кола пред крајот на Серија Б, клубот од Емилија-Ромања дојде до пласман во највисокиот ранг на италијански фудбал по ремито на Манто́ва и Специја (2:2).

Сасуоло, кој го води од клупата поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо, сега има недостижна предност од 16 поени во однос на третопласираната Специја.

Минатата сезона Сасуоло заврши на претпоследното, 19-то место во Серија А, а Гросо го презеде клубот во јуни 2024 година.

Претходно, Гросо три месеци го водеше Олимпик Лион (септември – ноември 2023 година), а тој период го обележа само една победа во седум првенствени натпревари и повреда што ја здоби при каменување на автобусот на патот до стадионот во Марсеј.

Гросо во 2006 година со репрезентацијата на Италија ја освои титулата светски првак во Германија, а како тренер оваа сезона забележа 23 победи, со само четири порази во Серија Б.

Фото: U.S. Sassuolo
Коментари
  • Фиорентина најде нов тренер!

    Фиорентина е на прагот на назначување на Фабио Гросо како нов тренер на тимот, објавија ит…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрансфер „бомба“: Ентони Гордон е нов фудбалер на Барселона!

Тимот на Барселона, актуелните шпански шампиони, го завршија првиот мега-трансфер и засилу…