Италијанскиот клуб Пјаченца, член на Серија Д, го привлече вниманието на фудбалската јавност со несекојдневен потег – промени три тренери во три дена.
Клубот одлучи да се откаже од стратегот Кармине Парлато и во истиот ден експресно како негова замена го назначи Симоне Бентивољо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Симоне одржа една тренинг сесија или поточно истата беше прекината од навивачите на кои не им се допадна неговиот ангажман и се заканија дека ќе ги бојкотираат натпреварите.
Само по неколку часа, клубот го отпушти Бентивољо и се врати на Стефано Росини, кој беше отпуштен претходно во октомври за да биде заменет со Парлато.