Дома Фудбал Интересен избор: Венгер посочи кој е негов фаворит на СП 2026

Интересен избор: Венгер посочи кој е негов фаворит на СП 2026

Светското првенство 2026 започнува да предизвикува сè повеќе возбуда со претстојниот ждреб на групната фаза. Пред ждребот, кој денеска е на програмата во 18 часот, зборуваше легендарниот Арсен Венгер, шеф на глобалниот развој на фудбалот на ФИФА, кого го паметиме по врвните резултати водејќи го Арсенал долг период.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светското првенство 2026 ќе биде првиот турнир некогаш со 48 учесници. И покрај тоа, групата на фаворитите е прилично тесна, а Арсен Венгер, легендарниот тренер на Арсенал (1996-2018) и сегашен шеф на ФИФА за глобален развој на фудбалот, нема дилема кој е моментално најблизу до титулата светски првак.

„Се обидувам да бидам што повеќе објективен, но Франција е јасниот фаворит поради една причина: имаат повеќе напаѓачи од светска класа од која било друга земја“, изјави тој, а го цитираше новинарот Мигел Делејни на X.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…