Дома Фудбал Италија Интер е прв финалист во Суперкупот

Интер е прв финалист во Суперкупот

Фудбалерите на Интер се пласираа во финалето на италијанскиот Суперкуп, откако во полуфиналето ја победија Аталанта со 2:0.

Херој за „нероаѕурите“ беше холандскиот репрезентативец Дензел Думфрис кој ги постигна двата гола. 

По четири минути игра во второто полувреме Думфрис најдобро се снајде во една мешаница и погоди за водство на Интер од 1-0.

Истиот играч постигна прекрасен гол во 61. минута за 2-0, што беше и конечен резултат.

Аталанта до крајот создаде неколку одлични шанси, но не успеа да го совлада расположениот Зомер.

Во 72. минута Едерсон намали на 2-1, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси ќе го продаде Енцо на Сити, но само под овие услови!

Челзи е подготвен да му го продаде на Манчестер Сити одличниот аргентински играч од средни…