Дома Фудбал Останато Хрватска конечно дочека: Љутиќ направи чудо во Светскиот Куп – две победи за една недела!

Хрватска конечно дочека: Љутиќ направи чудо во Светскиот Куп – две победи за една недела!

Талентираната хрватска скијачка Зринка Љутиќ прави чуда во Светскиот куп – откако претходниот викенд запиша победа која Хрватска ја чекаше 18 години, уште од Јаница Костелиќ, продолжи и оваа недела. Триумфирајќи на слалом трката во Крањска Гора ја продолжи серијата на феноменални резултати и го презеде првото место во генералниот пласман на оваа дисциплина, но и во целокупниот Светски куп!

Зринка Љутиќ и Венди Холденер од Швајцарија ја делеа првата позиција по првата трка, за во втората трка Зринка да го постави најбрзото време и да победи со 16 стотинки побрз резултат од Холденер. Трета беше Швеѓанката Ана Свен Ларсон (+1.19).

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сѐ се поклопи за младата и талентирана Хрватка – во Крањска Гора Сара Хектор и Камил Раст постигнаа нешто послаби резултати, така што сега во Светскиот куп Љутиќ има 456 бода, Хектор е на 447 боеви, а Раст има 433. Што се однесува до слаломот, состојбата е следна: Љутиќ има 309 бода, четири повеќе од Раст, а Холденер има 265 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Филип Блажевски се враќа со бронза од ЕП до 21 година

Македонскиот таеквондист Филип Блажевски постигна значаен успех на Европското првенство за…