Дома Фудбал Готово: Лука Модриќ станува еден од сопствениците на поранешниот премиерлигаш!

Готово: Лука Модриќ станува еден од сопствениците на поранешниот премиерлигаш!

Познатиот хрватски фудбалер и член на Реал Мадрид Лука Модриќ (39), наскоро ќе стане еден од сопствениците на англискиот Свонси.

Ова ексклузивно го објави денеска угледниот италијански инсајдер Фабрицио Романо, кој порача дека договорот меѓу двете страни е веќе постигнат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сега е потребно само да се почитуваат неопходните правни процедури и Модриќ ќе стане сопственик на малцински удел во сопствеништвото на Свонси.

Станува збор за клуб кој денес се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал, а пред осум години популарните Лебеди беа дел од елитата – во Премиер лигата.

Последните неколку дена многу се зборуваше и за статусот на Модриќ во Реал Мадрид, каде што е јасно дека неговата кариера е при крај, но Романо тврди дека работата во Свонси не влијае на играчката кариера на Хрватот.

Во моментов, Свонси е 12. на табелата во Чемпионшип и сигурно нема да испадне во понизок ранг, но нема ниту шанси за борба за промоција во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд синоќа ги надмина Меси, Роналдо и Мбапе

Манчестер Сити синоќа го декласираше Јувентус со високи 5:2, а Ерлинг Хааланд со постигнат…