Дома Останати Тенис Ѓорческа стартуваше со победа на турнирот во Грузија

Ѓорческа стартуваше со победа на турнирот во Грузија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја оправда фаворитската улога и обезбеди пласман во осминафиналето на ИТФ турнирот што се одржува во Грузија, совладувајќи ја домашната претставничка Зозија Кардава со убедливи 2:0 во сетови.

Во првиот сет се водеше неизвесна битка, при што двете тенисерки имаа проблеми со реализацијата на својот сервис. Сепак, Ѓорческа успеа да направи еден брејк повеќе од Кардава – вкупно пет – што ѝ донесе предност и освојување на сетот со 7:5.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во продолжението Ѓорческа ја презеде контролата на теренот, наметна поагресивен ритам и дозволи само два гема на противничката, освојувајќи го вториот сет со убедлива игра.

Во наредната фаза, македонската репрезентативка ќе се соочи со победничката од дуелот меѓу руската тенисерка Анастасија Тиконова и домашната Софија Шапатава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал се сомнева во 25-та гренд слем титула на Ѓоковиќ: Готово е, имаше шанса во Мелбурн

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал изјави дека поразот во финалето на Австралија Опе…