Легендариот бразилски фудбалер Роналдо доби позитивен тест на коронавирусот. Веста дека Роналдо е заразен со вирусот ја потврди бразилскиот второлигаш Крузеиро, клуб на кој неодамна Роналдо стана нов газда. Сега Бразилецот е во карантин и има симпоми, но се наоѓа во добра здравствена состојба. Ќе потсетиме, Роналдо неодамна купи 90% од акциите на Крузеиро.


