Дома Фудбал Останато Сонг: Не ми беше гајле што нема да играм во Барса, важни ми беа парите

Сонг: Не ми беше гајле што нема да играм во Барса, важни ми беа парите

Алекс Сонг не крие дека парите му биле главен мотив за трансфер во Барселона.

Камерунецот беше еден од најдобрите фудбалери на Арсенал, но не размислувал премногу кога летото 2012 година ја добил понудата од Барселона. Сонг бил свесен дека оди во клуб каде што покрај Чави, Иниеста, Фабрегас и Бускетс ќе има далеку помала минутажа отколку во Арсенал.

„Кога пристигна договорот од Барселона и видов колку ќе заработувам не размислував воопшто, веднаш знаев дека сакам да потпишам. Размислував само на моето семејство и времето по кариерата. Спортскиот директор на Барселона ми кажа дека нема да играм многу, но не ме интересираше. Важни ми беа парите, станав милионер и обезбедив комфорен живот за сите во моето семејство“, изјави Сонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ја одби понудата на Манчестер Сити за Гакпо.

Раководството на Ливерпул ја одбило понудата на Манчестер Сити за холандското крило Коди Г…