Роберт Левандовски е избран од страна на ФИФА за најдобар играч во светот за 2021 година.
Откако не стигна до Златната топка многумина сметаат дека на овој начин правдата е некако задоволена. За Левандовски ова е втора награда „The Best“ во низа, а победи пред Лионел Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коментари од јавноста привлече изборот на најдобрите 11: Донарума, Алаба, Рубен Диас, Жоргињо, Канте, Де Брујн, Роналдо, Халанд, Левандовски и Меси.
Интересно е што во идеалниот тим се најде Донарума додека за најдобар голман беше избран Едуард Менди од Челзи. Реакција на социјалните мрежи имаше и менаџерот на Бензема, Карим Џазири.
„Да не го ставите Бензема меѓу најдобрите 11 во годината е непочитување на фудбалот, но сите знаеме дека за ФИФА во последно време фудбалот е најмала грижа“, порача Џазири.