Барселона вчера доживеа вистински дебакл. Иако Каталонците на „Енфилд“ пристигнаа со три гола предност, Ливерпул ги декласираше со 4:0 и така се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите. Очигледно тимот од „Ноу Камп“ ги потцени „црвените“ во реваншот. На крајот тоа и им се одби од глава и Барселона втора година во низа испаѓа после три гола предност …