Дома Фудбал Лига на шампиони Ако и вечерва не добие шанса значи дека Сари го „отпишал“ Дибала

Ако и вечерва не добие шанса значи дека Сари го „отпишал“ Дибала

И покрај повредата на Даглас Коста изгледа работите за Паоло Дибала нема да се променат.

Јувентус после бледот издание во Фиренца вечерва гостува кај Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ и двата тима имаат проблеми. Атлетико после добриот старт за викендот изгуби во „Сан Себастијан“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Симеоне ја спореди својата ситуација со онаа на Сари и порача дека се во слична ситуација затоа што тој има многу нови играч, а Сари само што пристигна во клубот па потребно им е време.

Но, Атлетико до сега редовно играше добро против Јувентс на свој терен, вечерва не можат да сметаат на Мората, поранешниот играч на Јувентус, а очите ќе бидат вперени кон Жоао Феликс.

Јувентус ќе биде без навивачи. Во знак на протест поради аспењето на лидерот на навивачката група тие нема да патуваат во Мадрид. Италијаните ќе имаат поддршка, меѓутоа таа ќе биде помала од вообичаено.

Сари не сака ништо да менува, порача дека тимот мора да се прилагоди на неговите идеи и дека нема потреба да ротира.

Нема да игра повредениот Коста, а од друга страна Пјаниќ е спремен, ако сепак босанскиот фудбалер остане на клупата, Бентакур ќе биде тој кој ќе го замени.

Место има за Кедира и Матуиди, но не и за Дибалa. Сари не верува дека Дибала може да игра по страничната позиција, па шанса се очекува да добие Бернардески, додека најистурен во напаѓач како и во натпреварите во Серија А ќе биде Игуаин.

Алекс Сандро би бил лево, Квардадо или Данило десно, а централниот стоперски тандем ќе остане Бонучи – Де Лихт во отсуство на повредениот Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…