Дома Фудбал Лига на шампиони Пред мечот Баерн – Звезда се огласи Панчев: За големата победа среде Минхен, пропаднатиот трансфер во Јунајтед…

Пред мечот Баерн – Звезда се огласи Панчев: За големата победа среде Минхен, пропаднатиот трансфер во Јунајтед…

Maкедонската фудбалска легенда и поранешен напаѓач на Црвена Звезда, Дарко Панчев се огласи во германските медиуми пред вечерашниот натпревар помеѓу Баерн и Црвена Звезда.

Панчев зборуваше за германскиот „Tagesspiegel“ каде што прво се потсети на гостувањето на Звезда во Минхен во април 1991 година во полуфиналето од Купот на шампионите и каде што даде значаен придонесе во победата на Звезда од 1:2.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Подоцна дознав дека тоа било прв пораз на Баерн на негов терен во европските натпреварувања после 23 години. Тоа веќе беше џиновски успех и врв на мојата кариера. За крај го освоивме и Светското првенство во декември, а јас бев награден со „Златната копачка“ како најдобар стрелец во Европа, денес често се сеќавам на тоа“, зборуваше Панчев.

Звезда така после Стеауа стана само вториот клуб од Источна Европа кој го освоил Купот на шампионите.

„Тоа се граничи со утопија. Денес постои поинаква хиерархија во светскиот фудбал. Десетина клубови ги делат трофеите меѓу себе, додека другите 100 заостануваат и често се борат со финансиски проблеми. За да биде полошо за клубовите во источна Европа сега играчите млади заминуваат на запад. Во наше време пред 28 години не можевме да одиме во странство“.

Панчев ја пофали денешната Звезда и стручниот штаб.

„Пред се од денешна преспектива континуитетот кој го има Звезда е голем успех, како на спортски план така и на финансиски“.

Се потсети како можел да премине во Манчестер Јунајтед после финалето во Бари.

„Бев многу популарен во 1992 година и имав многу понуди за трансфер, за жал одлучив да преминам во погрешен клуб. Интер имаше просечен тим и беше во сенка на Милан. Имав големи несогласувања со поранешниот тренер Освалдо Бањоли, што  беше контрапродуктивно. Следната зима добив понуда од Сер Алекс Фергусон кој сакаше да ме земе во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа сакав да им докажам на Италијанците дека можам да играм во Серија А. Бев будала“, низ смеа прокоментира Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…