Дома Фудбал Лига на шампиони Ѕвездена ноќ во Париз: Дали „светците“ конечно ќе го надмудрат „кралот“!?

Ѕвездена ноќ во Париз: Дали „светците“ конечно ќе го надмудрат „кралот“!?

Во среда сите очи ќе бидат вперени кон Париз, кон мега дербито меѓу ПСЖ и Реал Мадрид. Двете екипи се сретнаа меѓусебе во 1/8 финалето минатата сезона, а тогаш мадридскиот тим беше поуспешен. Сега ПСЖ сака одмазда, но ќе мора да игра без некои од клучните фудбалери, исто како и Реал Мадрид.

Проблеми со повредите во двете екипи

Единсон Кавани и Килијан Мбапе ќе го пропуштат и овој меч на ПСЖ. Но затоа се очекува Нејмар да го започне мечот, откако минатиот викенд го одигра првиот натпревар за ПСЖ сезона и постигна супер гол во победата од 1:0 над Стразбур. Голема е веројатноста и дека Икарди ќе го има својот прв старт за ПСЖ, откако дебитираше за тимот против Стразбур играјќи околу половина час во второто полувреме.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За Реал Мадрид надвор од стројот се пак фудбалери од одбраната: Марсело, Начо и Серхио Рамос. Затоа летното засилување Ферланд Менди се очекува да започне бековските позиции. Голем проблем е и тоа што Лука Модриќ исто така е отсутен, како и Асенсио. Во нивно отсуство Џејмс Родригез е подготвен да започне во средното трио заедно со Касемиро и Тони Кроос. Тоа значи дека Реал и покрај се, повторно ќе има неверојатен квалитет пред се во средината.

Ни ПСЖ ни Реал Мадрид не стартуваа според планот

Ниту една од двете екипи не импресионираше во почетните недели од сезоната, со што е тешко да се процени кој ќе се радува во оваа потенцијално клучна средба во Париз.

ПСG веќе загуби драгоцени бодови во Лига 1 – тие загубија со 2:1 во Рен на 18-ти август и тимот се мачеше да постигне гол пред враќањето на Нејмар. Но и со него во тимот, тие едвај славеа над Стразбур во саботата и тоа со гол во 92-та минута. Екипата на Томас Тухел секако е на врвот на табелата во Лига 1, но има простор за подобрување, а отсуствата на Кавани и Мбапе претставуваат голем проблем во нападот.

Реал Мадрид пак има по две победи и ремија во почетните четири натпревари од Ла Лига. Но и оние две победи над Селта и Леванте минатиот викенд беа исклучителни тешки. Како и ПСЖ така и Реал ќе биде без некои важни играчи што претставува огромен проблем. Но за разлика од ПСЖ, тие ќе имаат далеку потешка задача во домашниот шампионат. Присуството на Герет Бејл, Карим Бензема и Еден Хазард, сепак значи дека гостите на овој меч имаат исклучително силен напад и јасно е дека ќе создадат шанси пред голот на ПСЖ.

Дали повторно ќе гледаме многу голови?

Во секоја друга прилика би очекувале натпревар со многу голови помеѓу овие две екипи. Двете екипи се природно напаѓачки ориентирани и имаат исклучително квалитетни напаѓачи. Исто така и едните и другите во изминатите неколку сезони одиграа неверојатни и многу ефикасни дерби дуели во групната фаза на Лигата на Шампиони. И во нивните меѓуседни дуели минатата сезона паднаа доста натпревари, во Париз беше 1:2, а во Мадрид 3:1.

Овој пат, сепак натпреварот може да биде со помалку голови од вообичаеното. ПСЖ се без Кавани и Мбапе, а Нејмар неодамна се врати и не е 100% кондициски спремен, што значи дека нивната напаѓачка линија ќе биде помалку моќна отколку што е вообичаено. Икарди би требало да стартува, но тој има премалку тренинзи со своите соиграчи за да може да одговори на високо ниво против екипа како Реал Мадрид.

Реал Мадрид има подобри опции во нападот. Бејл и Бензема се ите како искусни во ова натпреварување, но бековите на ПСЖ, Абду Диало, Маркињос и Тиаго Силва се цврст бедем пред својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чаби Алонсо донесе одлука: Еве кој клуб ќе го предводи во следната сезона

ЧАБИ АЛОНСО и следната сезона ќе остане тренер на Баер Леверкузен, објави Фабрицио Романо,…