Манчестер Јунајтед денес потврди дека Немања Матиќ ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност до 2023 година. Српскиот играч за врска на почетокот на сезоната не добиваше минутажа, па дури се шпекулираше со негово заминување, но од февруари е незаменлив во тимот на Солскјер. Матиќ му даде стабилност и баланс на тимот, па раководството го награди со …