Дома Фудбал Англија „Само два дена откако дојде, Ибра беше газда во соблекувалната“

„Само два дена откако дојде, Ибра беше газда во соблекувалната“

Златан Ибрахимовиќ има големо его и победнички менталитет, тоа е добро познато во светот на фудбалот.

За Ибрахимовиќ сега зборуваше Маркус Рохо кој со Ибра беше соиграч во Манчестер Јунајтед. Рохо раскажа како Ибрахимовиќ после само два дена се однесувал како газда во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Игравме пријателски натпревар против Галатасарај во Шведска. Ибра само што пристигна. После само неколку минути постигна атрактивен гол, меѓутоа противникот доминираше и на полувреме тие заминаа со предност. Кога на полувреме влеговме во соблекувална Златан удираше каде што ќе стигне и викаше на дефанзивците. Бараше од сите да нападнеме и да не се браниме толку длабоко. Беше само два дена, а веќе беше газда во соблекувалната“, изјави Рохо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…