Maнчестер Јунајтед во одличен натпревар на „Олд Трафорд“ победи против Бурнемоут со 5:2.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Избраниците на Оле Гунар Солскјер покажаа голем напаѓачки потенцијал и до врв ја наполнија мрежата на гостите кои судејќи според ситуацијата од наредната сезона ќе играат во понизок ранг.
Лошо тргна работата за Јунајтед. Во 15 минутата Станислас си поигра со Мегваер и постигна гол за 0:1. Меѓутоа до крајот на првото полувреме Јунајтед го сврти резултатот и со головите на Мајсон Гринвуд, Маркус Рашфорд и Марсијал поведе со 3:1.
Бурнмеоут во игра се врати после пет минути во второто полувреме. Кинг постигна гол од пенал за 3:2, меѓутоа само три минути подоцна на семафорот стоеше 5:2, новите два гола на Јунајтед беа дело на Гринвуд и Фернандеш.
Тој резултат се покажа и како конечен.