Арсенал го освои првиот бод во последните три кола, а за Манчестер Сити ова беше трет нерешен резултат во серија, но овој бод во меѓусебниот дуел (2:2) не им значи многу ниту на Топџиите, ниту на Граѓаните. Победата и на едните и на другите далеку повеќе ќе им го разубавеше животот. Сити ќе можеше да ги оживее надежите за титула …
