Дома Фудбал Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одат…

Легендарниот фудбалер Алесандро Дел Пјеро е длабоко разочаран од фактот што Италија по трет пат по ред го пропушта шансата да отиде на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Четирикратните светски шампиони од 1934, 1938, 1982 и 2006 година, повторно разочараа бидејќи репрезентацијата на БиХ по пенал серијата ќе патува на СП, додека Италијаните уште еднаш остануваат дома.

Легендарниот Алесандро Дел Пјеро вели дека италијанскиот фудбал денес е предмет на смеа и шега. 

“Италија стана повод за подигрување во светскиот репрезентативен фудбал. Непростливо е да пропуштиме три Светски првенства еден по друг. Како е можно една таква нација да изгуби цела генерација на Светските првенства? Четирипати сме биле светски шампиони, а 20 години не постигнавме гол на светското првенство. Некогаш имавме играчи од светска класа, а сега нашите играчи се просечни”, рече легендарниот Дел Пјеро.

Медиумите се однесуваат, како што се очекуваше, без милост, и најголемиот дел го обвинуваат Алесандро Бастони за необјаснивото исклучување. Газета дело спорт потсетува на неодамнешниот случај со Калулу кога симулираше и изнуди црвен картон за противникот, кога исто така беше остро критикуван од јавноста и медиумите. 

Сите медиуми сега се прашуваат како е возможно еден од најдобрите играчи и водич на оваа генерација да направи таков кикс и да ги остави своите соиграчи во неволја.

Кориера дело спорт е уште поостар, но не само против Бастони, туку и против фактот дека италијанскиот фудбал сега е на најниско ниво.

“Дали се сеќавате каде бевте, ако воопшто сте биле родени на 9 јули 2006 година? Или на 24 јуни 2014 во Бразил кога Уругвај нè исфрли уште во групната фаза. Тој меч е последниот што големата Италија го одигра на мундијал. Следниот можеби ќе биде во 2030 година, а тоа значи дека децата родени во јули 2014 година ќе имаат 16 години, а мажите и жените родени во 2006 година ќе бидат зрели со 24 години. Цела една генерација никогаш не ја видела Италија на Мундијал”, пишува Кориера дело спорт. 

И што уште има некој да каже на оваа тема? Италијанскиот фудбал не само што го допре дното, туку и се копа понатаму, оди се подоле…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик донесе непопуларна одлука, бековски пар ќе ја полни касата?

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, имаше внатрешни разговори со играчите кои би можеле да …