Дома Фудбал Англија Венгер: Верувам дека Санчез и Озил ќе останат, но потребни ни се засилувања!

Венгер: Верувам дека Санчез и Озил ќе останат, но потребни ни се засилувања!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека двете најголеми ѕвезди Алексис Санчез и Месут Озил ќе останат на „Емирати“, но призна дека на тимот му се потребни засилувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Санчез изјави дека сака да остане во Лондон додавајќи дека сака да игра во клуб со победнички менталитет и да освојува трофеи, а вака Венгер ја прокоментира таа изјава.

„Има само еден тим во Лондон. Лично сметам дека Санчез е среќен тука, се уште не сме го продолжиле неговиот договор, но се надевам дека ќе остане во клубот. Точно е дека во минатото се случувало да продадеме играч на ривалски тим поради финансиски причини, но тоа не е случај повеќе“, изјави Венгер.

Венгер иако е убеден дека Санчез и Озил ќе останат на „Емирати“, сепак признава дека на тимот му се потребни засилувања.

„Оваа сезона е чудна. Дваесет меча сме без пораз, но не можам да кажам дека не е полна со дамки бидејќи ги има. Основата е исклучително силна, но тимот, секако, мора и да се засили“, истакна искусниот менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фенербахче не штеди средства: Гигантска понуда за Мохамед Салах во обид да ја прекине доминацијата на Галатасарај!

Мохамед Салах (33) ова лето ќе се збогува со Ливерпул по деветгодишен престој, а еден од к…