Дома Фудбал Англија Еден час добар фудбал и на крајот ништо: Бод кој не им значи ниту на Арсенал, ниту на Сити

Еден час добар фудбал и на крајот ништо: Бод кој не им значи ниту на Арсенал, ниту на Сити

Арсенал го освои првиот бод во последните три кола, а за Манчестер Сити ова беше трет нерешен резултат во серија, но овој бод во меѓусебниот дуел (2:2) не им значи многу ниту на Топџиите, ниту на Граѓаните. Победата и на едните и на другите далеку повеќе ќе им го разубавеше животот. Сити ќе можеше да ги оживее надежите за титула пред дербито со Челзи, а Арсенал ќе можеше да направи значаен чекор кон Лигата на шампионите.

Венгер ја изваде на терен најсилната офанзивна линија, со исклучокот што наместо Жиру, стартуваше Велбек со Алексис, Озил и Волкот како поддршка. Гвардиола повредениот Сања на десната бековска позиција го замени со Хесус Навас, наместо со Забалета на кој таа му е природна позиција. Стандарно, Силва, Стерлинг и Де Брујне даваа поддршка на најистурениот Агуеро и Фердинанд како единствена задна врска.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Планот на Гвардиола профункционира веќе во петтата минута. Де Брујне со феноменално додавање го лансираше брзоногиот Сане помеѓу двајцата стопери на Арсенал, а Германецот го искористи најголемиот адут, ги издрибла Оспина и рутински ја заврши работата за погодок. Набрзо Сити имаше шанса и за 2:0, но Оспина ги спаси Топџиите. Арсенал се разбуди после 20 минути игра, па шанси имаа Озил, Монреал и Волкот. Притисокот растеше, Арсенал воспостави доминација и во 40-та минута стигна наградата за тоа. Одбраната на гостите отиде превисоко, Волкот се шмугна зад нивниот грб и со погодок изедначи на 1:1.

Токму кога стигна заслужената награда, Арсенал повторно доживеа тежок удар. Само две минути после изедначувањето, Серхио Агуеро беше немилосрден и во завршницата на полувремето ги врати Граѓаните во предност. Потоа Волкот, во продолжението од првото полувреме пропушти одлична шанса за 2:2, па тимот од Гвардиола на пауза замина со незаслужено водство.

Почетокот на второто полувреме на Топџиите одново им донесе заслужено изедначување. Овој пат Мустафи погоди после еден корнер и…тоа беше сè. И двата тима до крајот играа внимателно, како да имаат поголем страв од пораз отколку желба за победа. На крајот, гостите бараа пенал во продолжението, кога топката го закачи за рака Монреал, но тоа не беше доволно за Маринер да покаже на белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…