Дома Останати Тајгер Вудс призна дека има проблем: Ќе барам медицинска помош

Тајгер Вудс призна дека има проблем: Ќе барам медицинска помош

Тајгер Вудс изјави дека ќе „направи пауза во кариерата на определен период, ќе побара лекарска помош и ќе се фокусира на здравјето” откако беше приведен по сообраќајната несреќа што ја предизвика.

Овој 50-годишник беше приведен и обвинет за возење под влијание на алкохол откако во текот на минатата недела влегол на патека по која се движел камион и му се превртел автомобилот на Флорида.

Ќе му се суди и за нанесување штета на имот и одбивање да биде подложен на задолжително тестирање за алкохол.

Претходно, полицијата детално го опиша неговото однесување по несреќата.

Вудс имал две таблети хидрокодон во џебот, а тоа е аналгетик кој се користи против силни болки, пишува во полицискиот извештај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Наковски без загубен сет оди на дуел со Газели, Младост го сопре шампионот

Наковски волеј и Газели ќе се сретнат во следното коло како единствени непоразени екипи. М…