Дома Фудбал Англија Видео: Ливерпул обоен во црвено!

Видео: Ливерпул обоен во црвено!

Во првиот натпревар од 30. коло на англиската Премиер лига, екипата на Ливерпул го доби градското дерби со Евертон и оствари голема победа од 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По само 8 минути игра стигна првото вистинско возбудување на „Енфилд“. Кутињо го проигра Мане, кој по феноменална соло акција, донесе водство за Ливерпул. Гостите брзо се вратија во игра и со голот на Пинигтон во 28-та минута го израмнија резултатот.

Сепак, само три минути подоцна Кутињо повторно ги донесе во предност „црвените“, а во второто полувреме Ливерпул ја потврди победата преку Ориги и тоа само три минути откако влезе во игра на местото на Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …