Дома Фудбал Англија Венгер се предомислува – на маса има многу подобра понуда од онаа на Арсенал!

Венгер се предомислува – на маса има многу подобра понуда од онаа на Арсенал!

Иднината на Арсен Венгер во Арсенал сеуште е под знак прашалник. Фанцузинот се премислува дали да потпише нов договор, но не поради револтот на фановите, туку затоа што на маса има многу подобра понуда.

Имено, иако Венгер неколку пати го одби повикот на Пари Сен Жермен, сега ситуацијата е сосема поинаква. Унаи Емери сигурно ќе си замине, а Францизнот би добил договор на три години и голем буџет со кој ќе се обиде да направи исчекор во Европа.

ПСЖ му нуди на Венгер да остане во клубот и после истекот на договорот со цел да го промени моделот на работење на „Светците“ на кои им е многу важно младите играчи од сопствената школа да добиваат шанса.

Сега Венгер треба да донесе одлука, а англиските медиуми тврдат дека има уште неколку недели да ги извести челните луѓе на Арсенал.

Без разлика каква ќе биде неговата одлука таа нема да биде официјализирана до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за навод…