Дома Бокс Фјури не размислува за пензија, познат е неговиот следен противник!?

Фјури не размислува за пензија, познат е неговиот следен противник!?

Тајсон Фјури доживеа пораз од Александар Усик во реванш мечот во борбата за најдобар боксер во тешка категорија на планетата.

Украинецот победи со едногласна одлука на судиите и потврди дека во овој момент е подобар борец од Фјури. По мечот започнаа шпекулациите дека ова може да биде негово збогување од боксот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Сепак, Британецот веднаш ги демантираше тие приказни.

„Не е готово“, кратко изјави за британските медиуми.

Веќе сега се шпекулира дека неговиот следен меч би можел да биде против Ентони Џошуа за статусот на најдобар боксер во тешка категорија во Велика Британија.

„Тоа ќе биде најдобар дуел во историјата на британскиот бокс. Еден меч на Вембли, еден во Ријад. Тоа е планот“, рече Еди Херн, менаџерот на Џошуа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Нов предизвик за славниот боксер – Мани Пакјао се враќа во рингот на 46 години!

Мани Пакјао, славниот филипински боксер и единствениот светски шампион во осум различни те…