Дома Боречки спортови Џошуа сними трогателно видео за тешка несреќа во која ги загуби пријателите и тренерите

Џошуа сними трогателно видео за тешка несреќа во која ги загуби пријателите и тренерите

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, зборуваше за трагичната сообраќајна несреќа во Нигерија во која загинаа две лица. Џошуа во несреќата доби повреди кои не се опасни по живот, а сега првпат јавно проговори за настанот во кој ги загуби двајца од своите најблиски пријатели.

Несреќата се случи десет дена откако на 19 декември Џошуа во Мајами го победи Џејк Пол со нокаут во шестата рунда. За време на посетата на Нигерија, автомобилот во кој се наоѓаше Џошуа учествуваше во фатален судар. Во несреќата загинаа неговиот личен тренер Латиф “Лац” Ајоделе и кондицискиот тренер Сина Гхами.

Џошуа се обрати за трагедијата во четвртокот преку долга видео порака насловена „Чувар на браќата мои засекогаш“, а покрај видеото објави и пишана благодарност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Неготино е подготвено за бокс-спектакл: Пет борби и промена во последен момент!

„Балкан боксинг“ првпат гостува во Македонија, а во салата „Младост“ ќе се одржат пет борб…