
Фудбалерот на Барселона, Марк Бернал, е неизвесен поради повреда за реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампиони против мадридски Атлетико, соопшти каталонскиот клуб.
Бернал поради повреда на зглобот го пропушти првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони меѓу Барселона и Атлетико (0:2), кој се одигра на 8 април на Камп Ноу.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Играчот на Барселона ќе патува на реванш дуелот кој ќе се игра во вторник, 14 април, во 21 часот во Мадрид, но сè уште нема добиено зелено светло од лекарите за да настапи на теренот.
Во Мадрид, за Барселона не ќе можат да играат Рафиња и Андреас Кристенсен поради повреди, а исто така ќе недостасува и Пау Кубарси, кој е суспендиран поради црвен картон во првиот натпревар.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, одлучи во Мадрид да поведе 23 фудбалери. На списокот се: Џоан Гарсија, Војчех Шчесни, Диего Кочен, Жоао Кансело, Алехандро Балде, Роналд Араухо, Гави, Феран Торес, Педри, Роберт Левандовски, Ламин Јамал, Маркус Рашфорд, Фермин Лопез, Марк Касадо, Џерар Мартин, Дани Олмо, Френки де Јонг, Жил Кунде, Ерик Гарсија, Руни Барџи, Алваро Кортес, Чави Еспарт и Томи Маркес.