Керим Бензема го напушти Реал Мадрид за да премина во Саудиска Арабија во редовите на Ал Итихад, францускиот напаѓач за две години ќе добие околу 400 милиони евра, а како што е познато во оваа земја веќе игра Кристијано Роналдо (Ал Наср).
На големо со трансфер во Ал Итихад од Саудиска Арабија се поврзува и Лионел Меси и тоа во трет клуб од ова првенство, Ал Хилал. Бензема и Роналдо веќе ги имаат, Меси е на пат, но тоа би можело да биде само почеток.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Серхио Рамос, Ди Марија, Левандовски, Фирмино, Модриќ, Уго Лорис, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Нголо Канте… исто така се желба на Саудијците. Во доведувањето на Бензема помогнаа луѓе од Министерството за спорт на Саудиска Арабија“, открива инсајдерот Флоријан Плетенберг.
Неименуван извор од Саудиска Арабија за АФП открил дека постојат повеќе од десет фудбалски ѕвезди кои можеле да го освојат Светското првенство или Лигата на шампионите, а се на нивната листа. Во доведувањето на фудбалерите помагаат и властите.
„Освен што добиваат финансиски богати понуди, првенството станува посилно. Целта е да се завршат трансферите пред 11 август и почетокот на новата сезона“, изјавил изворот за АФП.
Интересно што Саудијците не купуваат само играчи се најавува и дека испратиле понуда до Матеу Лахоз кој вчера се прости од шпанскиот фудбал (ТУКА), тие сакаат тој да им биде претседател на судиската комисија.