
Владата на Саудиска Арабија обезбеди значајни парични награди за фудбалерите за постигнатиот успех пласирајќи се на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секој играч, заедно со целиот стручен штаб, ќе добие по 5 милиони саудиски ријали, што е околу 1,15 милиони евра, за пласманот на Светското првенство во 2026 година. Овој потег го објави министерот за спорт, Абдулазиз бин Турки Ал-Фаисал.
Саудиска Арабија го обезбеди своето место на Светскиот шампионат со нерешен резултат од 0:0 во последниот натпревар од азиските квалификации против Ирак.
Со тоа, Саудијците успешно обезбедија учество по трет пат едноподруго на ова глобално натпреварување.
Ал-Фаисал објави дека наградите за фудбалерите и стручното раководство ќе бидат исплатени најдоцна 30 дена по завршувањето на квалификациите.