Дома Останати Кошарка Двајца Италијанци не можеле да поверуваат кого сретнале на бензинска пумпа – Лука Дончиќ!

Двајца Италијанци не можеле да поверуваат кого сретнале на бензинска пумпа – Лука Дончиќ!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ веќе подолго време има репутација на скромно момче, секогаш подготвено да им угоди на своите фанови. Ова го потврди и по необична средба со двајца италијански навивачи на бензинска пумпа во Словенија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во моментов, Дончиќ се подготвува со репрезентацијата на Словенија за претстојниот Евробаскет, и за среќа, повредата од подготовките не е сериозна.

Меѓу напорните подготовки, Дончиќ наоѓа време и за уживање со пријателите во својата татковина. За време на една “обична” кафе пауза, италијански навивачи го забележале неговото скромно присуство.

Тие сведочат дека Дончиќ бос носејќи влечки стоел на шанкот и пиел кафе.

“Утрово на словенечка бензинска пумпа. Пријателот и јас влегуваме да купиме пиво. На шанкот стои многу висок човек во влечки и пие кафе со некој маж. Кога погледнав подобро, видов дека тоа е Дончиќ. Скоро не го познав со 16 килограми помалку, толку е затегнат. Го викнав и тој ми се насмевна и ми кажа да го почекам,” раскажува Италијанецот Габриеле Габатели, кој го сретнал на пумпата и продолжува:

“На паркингот, тој нас сите блиско не запозна и се фотографираше. Вели дека повредата не е сериозна и дека е возбуден за Евробаскетот. Нѐ поздрави на италијански ‘Чао’ и замина. Чуден е животот. Еден ден тренираш со Лејкерси во Лос Анџелес и живееш во вила на Беверли Хилс, а другиот ден си во влечки на бензинска пумпа и муабетиш со непознати Италијанци,” додаде тој.

За словенечките навивачи добра вест е што повредата која ја доби во пријателскиот натпревар не е сериозна и Дончиќ ќе биде подготвен за Евробаскетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…