Дома Моторспорт Драматична сцена во Бахреин: Алонсо додека возеше остана без волан! (Видео)

Драматична сцена во Бахреин: Алонсо додека возеше остана без волан! (Видео)

Легендарниот шпански возач Фернандо Алонсо вчера за време на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин се соочи со необичен проблем.

Алонсовата кариера трае 25 години, но сигурно никогаш не му се случило тоа што се случи вчера во Бахреин. Имено, среде возење му отпадна воланот од болидот и тој му остана во рацете.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


За среќа, брзината со која се движеше Алонсо во болидот на Aston Martin во тој момент не беше голема, а имаше и среќа што патеката во Бахреин има многу простор надвор од границите на патеката, па не удри во ѕид.

Алонсо успеа со своето искуство да се снајде и да го врати воланот на предвиденото место, а потоа и да сврти десно за да го продолжи својот круг во текот на тренингот.

Денеска во 14:30 часот во Бахреин ќе се одржи третиот тренинг, а квалификациите се на програмата од 18 часот. Трката е утре од 17 часот.

Фото: Пртинскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Алонсо не можеше повеќе да молчи, па брутално го нападна на тимот

Фернандо Алонсо ја заврши трката за Големата награда на Британија видливо разочаран. Искуc…