Дома Останати Кошарка Дончиќ збесна поради срамен потег: Лука го турна противникот, па се создаде голема мешаница (Видео)

Дончиќ збесна поради срамен потег: Лука го турна противникот, па се создаде голема мешаница (Видео)

Неспортскиот потег на кошаркарот на Њу Орлеанс, Брус Браун, предизвика хаос на теренот.

Лејкерс минатата ноќ пред своите навивачи убедливо ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 136:115 и така дојдоа до седмата последователна победа.

Со историскиот подвиг на Леброн и уште една одлична игра на Дончиќ, имавме прилика да видиме и една грда сцена на теренот.

Во моменти кога Лејкерс имаа +20, кошаркарот на Пеликанс Брус Браун сосема непотребно направи еден неспортски фаул над Нехт Далтон.

Нехт тргна да положи во контра, а неговиот поранешен соиграч на Јокиќ го фати за рамо и го повлече. Следуваше жесток пад на младиот кошаркар на Лејкерс.

Лука веднаш претрча да помогне. Браун му пријде, а Словенецот го турна со гнев. Тоа го разлути играчот на Пеликанс кој сакаше физички да се пресмета со Дончиќ. Настана голема гужва, се вмешаа судиите и страстите брзо се смирија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…