Ливверпул вчера беше елиминиран од Лигата на шампионите со поразот од Пари Сен Жермен на пенали, а херој на францускиот состав беше голманот Џанлуиџи Донарума.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Донарума по првиот натпревар во Париз доби критики бидејќи одреден дел од јавноста сметаше дека можел подобро да интервенира при голот кој го постигна Елиот.
По овој натпревар во кој одбрани два удари од белата точка, Донарума одлучи да одговори.
„По првиот натпревар добив многу критики од новинари во Франција, но тие воопшто не знаат како е да се бие голман. Јас ќе продолжам да работам и да придонесувам за ПСЖ“, изјави Донарума.