
Сезонава за Ферари е уште едно разочарување, а изгледа дека на претседателот му „пукна филмот“ и е подготвен да го оствари сонот на многубројните Тифози.
Според пишувањето на Daily Mail, популарниот претседател на Скудеријата, Џон Елкан, наводно ја изгубил довербата во актуелниот шеф на тимот, Фред Васер, и веќе тргнал во потрага по нов шеф.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Кон крајот на јули, Васер ја продолжи соработката со Ферари, но притисокот врз него не попушта.
Италијанскиот тим ја поминува разочарувачката сезона без ниту една победа во првите 18 трки, а единствениот излез од ова го гледаат преку доаѓањето на Кристијан Хорнер на чело на тимот.
Од друга страна, Хорнер по две декади го напушти Ред Бул, со кој освои дури 14 светски титули.