Дома Фудбал „Бомба“ од Островот: Рашфорд потврди дека заминува од Манчестер Јунајтед!

„Бомба“ од Островот: Рашфорд потврди дека заминува од Манчестер Јунајтед!

Маркус Рашфорд, откако тренерот Рубен Аморим го изостави од тимот за градското дерби против Сити, потврди дека наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Рашфорд и Алехандро Гарначо не беа помеѓу играчите кои беа дел од составот за дуелот против Сити, а Аморим изјави дека тие двајца не биле доволно добри на тренинзите и дека треба повеќе да се потрудат за да се вратат во тимот.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Рашфорд истакна дека не е лут ниту разочаран од одлуката на Аморим, но изјави дека е подготвен за заминување од Јунајтед.

“Подготвен сум за нов предизвик и следниот чекор во кариерата. Никогаш нема да слушнете лоши зборови од мене за Јунајтед, кога ќе заминам, тоа ќе биде пријателски раскин”, рече Рашфорд, кој додаде дека лично ќе го соопшти името на неговиот нов клуб кога ќе го напушти Олд Трафорд.

Дваесет и седумгодишниот Рашфорд е израснат во Јунајтед, а во првиот тим е од 2016 година.

Во 426 натпревари во сите натпреварувања досега има постигнато 138 голови и има запишано 63 асистенции.

Оваа сезона, во 24 настапи во сите натпреварувања има ефект од 7 голови и 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема да се исполни желбата на Анчелоти: Слот го разочарал Реал Мадрид

Пред неколку седмици, се појави информација дека Реал Мадрид и Ливерпул сериозно преговара…